Франција ги проверува руските фанови

Француската полиција ги проверува идентитетите на руските фудбалски фанови во потрага по поддржувачи кои биле вклучени во судирите со англиските фанови, во коишто десетици беа повредени за време на викендот.

Француските власти соопштија дека полицијата им ги проверувала пасошите на 29 руски фанови во хотел во близина на Марсеј, барајќи ги оние „кои се сметаат за ризични“ да се вклучат во насилство.

Полицијата веќе изјавија дел од руските навивачи да ги пренесат во центри во близина на границата. Во меѓувреме полицијата запреа автобус на пат кон градот Лил.

Русија утре ќе игра против Словачка во Лил во групната фаза на Еуро 2016, додека Англија следниот ден ќе игра против Велс во Ленс.

35 фанови беа повредени во судирите меѓу руските и англиските навивачи на 11 јуни.

УЕФА ги предупреди ферерациите на Англија и на Русија дека доколку продолжи такввото однесување им се заканува суспендирање на репрезентациите.