Демирташ: Во Турција можна е граѓанска војна

Заменик претседателот на Демократската партија на народите, Селахатин Демирташ.

Во Турција „може да избие етничка граѓанска војна", бидејќи нетрпеливоста меѓу Турците и Курдите во земјата се зголемува, изјави заменик претседателот на прокурдската Демократска партија на народите, Селахатин Демирташ.

Курдскиот лидер исто така наведе и дека мир во Сирија е невозможен без мир во југоисточниот дел на Турција.

Курдскиот лидер вели и дека во име на мирот е подготвен да се сретне и со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

„Јас сум во политиката поради мирот и доколку средба со Ердоган доведе до мир тогаш се разбира ќе го направам тоа“, изјави Демирташ.

Тој упати критики до европските лидери, нагласувајќи дека треба да се направат поголеми напори за запирање на насилството во југоисточниот дел на Турција.