150 обучени руски хулигани учествувале во судирите против Англичаните

Главниот обвинител на францускиот град Марсеј изјави дека Русите вклучени во судирите со британските фанови на Европското првенство биле „исклучително добро обучени“ и подготвени за насилство.

Обвинителот Брис Робин денека рече дека имало 150 руски поддржувачи кои биле хулигани подготвени за брза и ултранасилна акција. Во судирите меѓу навивачите на Русија и Англија пред и по почетокот на натпреварот 35 луѓе беа повредени и најмалку еден британски фан е во критична состојба.

Британскиот помошник началник Марк Робертс изјави дека многу руски хулигани носеле боречки ракавици и ножеви.

Тој додаде дека двајца Руси исто така се протерани од Франција.

УЕФА ги предупреди федерациите на Англија и на Русија дека нивните тимови можат да бидат исклучени од Еуро 2016 доколу нивните навивачи продолжат со ваквото однесување.