Борби за либиското пристаниште Сирт

Либиските владини сили почнале борби за преземање на контролата врз градот Сирт кој е во рацете на милитантите на Исламската држава од 2015 година и кој стана нивна главна база за операциите во Северна Африка. Владините сили, како што јавуваат новинските агенции, се соочиле со отпор и со серија самобиствени бомбашки напади. Во Сиртe е роден соборениот либиски владател Муамер Гадафи и е најголемото упориште на ИД надвор од Сирија и Ирак.