Вооружено лице уапсено на пат за геј парада во Лос Анџелес

Вооружено лице кај кое било пронјадено оружје и кое на полицијата и рекло дека тргнало на геј парада во Лос Анџелес било уапсено во близина на тој град, јавуваат американските медиуми. Полицијата во Санта Моника реагирала на пријава за сомнително лице по што во неговото возило биле пронајдени пушки, муниција и танерит, експлозив што се користи за изработка на бомби. Полицијата соопшти дека не нашла докази за некаква негова поврзаност со лицето што го изврши масовното убиство во геј клубот во Флорида при што загинаа 50 луѓе.