Времето денеска: умерено облачно и дождливо

Во Македонија претпладне ќе биде малку до умерено облачно со услови за краткотраен дожд на североисток. Попладне ќе биде променливо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во северните и источните делови. Минималната температура ќе се движи од 10 до 17 степени, а максималната до 29 степени. Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со услови за слаб дожд, а попладне ќе биде нестабилно со појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 15 до 26 степени.