Малите партии сакаат да бидат дел од преговарачкиот тим

Коалицијата за промени и правда предлага да се формира реформска, експертска влада која ќе има обврска да спроведе темелни реформи и да создаде услови за одржување фер, демократски и кредибилни избори.

Коалицијата, како што соопшти денеска на прес-конференција, смета дека во процесот на преговори мора да се вклучат и другите релевантни политички партии, како и граѓанскиот сектор и медиумите, а разговорите да бидат отворени за јавноста.

Промени и правда бара, Македонија да биде една изборна единица, да се прочисти Избирачкиот список, а Специјалното јавно обвинителство да продолжи да работи транспарентно и без опструкции и закани.