Нови двајца терористи уапсени во Казахстан

Службата за безбедност на Казахстан соопшти дека уапсила уште двајца осомничени терористи во безбедносна операција, шест дена откако десетици вооружени лица извршија смртоносни напади во северозападниот град Актобе во близина на границата со Русија. Комитетот за национална безбедност на Казахстан објави дека двајцата осомничени се уапсени за време на рацијата на властите во близина на Актобе, што укажува дека операцијата била поврзана со контратерористички операции извршени како одговор на терористичките напад на 5 јуни .