Инцидент меѓу навивачите на Русија и Англија на ЕУРО 2016

Руските фудбалски фанови се судрија со англиските навивачи синоќа, за време на натпреварот на тимовите од двете земји на Еуро 2016 во јужниот француски град Марсеј. Инцидентите имаше на трибините, а тие продолжија и на самиот стадион Велодром каде реагираше обезбедувањето. Инаку Фудбалерите на Русија и на Англија синоќа на „Велодром“ во Марсеј ремизираа играјќи 1:1, што претставува прв нерешен резултат на Европското првенство во Франција.

Европската фудбалска унија, УЕФА, соопшти дека ќе отвори дисциплинска постапка, и оти Русија се соочува со можност од посериозни санкции поради судирите на стадионот. УЕФА во соопштението наведе дека "остро ги осудува инцидентите во Марсеј" и дека " за луѓето вклучени во таквите акти на насилство нема место во фудбалот.