Убиени полицајци во напад на ИД во Авганистан

Во напад на вооружени лица поврзани со екстремистичката група Исламска држава загинаа шест полицајци во источната провинција Нангархар, која граничи со Пакистан. Бунтовниците го нападнале административното седиште во областа Хаска Мина во раните утрински часови. Официјални лица изјавија дека 15 борци загинале, а седум се повредени во битката. Нангархар долго време се соочува со бунтовнички групи. Во последниве неколку месеци, владините сили подржани од воздушни напади тврдат дека имаат успех против борците на ИД , за кои се верува дека се поранешни членови на Талибанците.