Продолжен мандатот на ЕУЛЕКС во Косово

Косовската Влада на денешната седница одлучи да го продолжи мандатот на ЕУЛЕКС за уште две години, јавија приштинските медиуми.

Сегашниот мандат на ЕУЛЕКС истекува на 14 јуни годинава, а новиот ќе трае до 14 јуни 2018 година, бидејќи се смета дека се уште е потребна контрола на владеењето на правото од страна на ЕУ.

Оваа одлука уследи откако на почетокот на месецов членките на ЕУ постигнаа првичен договор за продолжувањето на мандатот, а косовскиот премиер Иса Мустафа го прифати тоа како оправдано токму поради владеење на правото.

Брисел исто така одлучи дека годишиот буџет на ЕУЛЕКС ќе биде ќе биде 34,5 милиони евра.