ПКК ја презема одговорноста за нападите во југоистона Турција

Турскиот премиер Бинали Јилдирим денеска отфрли секаква можност за дијалог со Курдската работничка партија (ПКК), која презеде одговорност за неколку смртносни напади извршени во изминатиов период во Турција.

„Нема што да се разговара“, посочи Јилдирим во Анкара.

Курдските бунтоници презедоа одговорност или беа обивниети од турските власти за неколку смртоносни напади извршени во претходната седмица, кои беа насочени против турските безбедносни сили.

„Ако сметате дека можете да ја исплашите земјата и народот со тероризам и страв, не се залажувајте, ништо нема да постигнете со тоа“, изјави Јилдирим.

Турската работничка партија (ПКК) ја презема одговорноста за смртоносниот напад на 8 јуни со автомобил бомба во југоисточна Турција.