Средба на Путин и Нетанјаху во Москва

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва ќе ја зајакне својата соработка со Израел во борбата против терористите. Путин зборуваше по средбата во Москва со изрелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, нагласувајќи дека е потребно обединување на напорите во борбата против меѓународниот тероризам. Нетанјаху изјави дека Русија и Израел имаат заеднички закани и дека имаат многу што да дискутираат.