Воени вежби на САД, Јапонија и Индија во западен Пацифик

Илустрација.

Флотата на САД заедно со јапонски и индиски воени бродови ќе одржат големи заеднички поморски воени вежби во западниот Пацифик, во близина на јапонскиот ланец острови, коишто ќе траат осум дена почнувајќи од петок, пренесува Ројтерс.

Кина тврди дека дел од ланецот острови се нејзини и како што земјата ги турка своите територијални претензии кон соседите во Јужното Кинеско Море, Токио и Вашингтон се загрижени дека таа ќе го прошири нејзиното влијание во западен Пацифик со зголемена флота на подморници и бродови.

Вежбата наречена „Малабар“ секоја година ја одржуваат САД и Индија, а Јапонија оваа година им се приклучува за прв пат од 2007 година, соопшти јапонското Министерство за одбрана.

Освен јапонските бродови, во вежбата ќе учествуваат подморница ловец и еден од најновите носачи на хеликоптери „Хјуга“ во делот на против воздушната одбрана.

Минатата година вежбата се одржа во близина на Бенгалскиот Залив во близина на Индија.

Јапонскиот југозападен ланец острови, каде е сконцентрирано најголемото присуство на воен персонал на САД во Азија, го блокираат кинескиот пристап на Западниот Пацифик. Јапонската војска ги зајакнува островите со радарски станици и друга опрема.

Кина денаска ги повика САД оти треба да играат контруктивна улога во зачувувањето на мирот во спорните делови на Јужното Кинеско Море, а американскиот државен секретар Џон Кери повика на разговори и мирно решение.