Кремљ: Вежбите на НАТО во Полска ја поткопуваат безбедноста во Европа

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Русија соопшти дека воените вежби кои се одржуваат во Полска „не придонесуваат за атмосфера на доверба и безбедност“ во Европа.

Портпаролот на Кремљ, Дмиртиј Песков денеска ги даде коментарите, еден ден откако членки на НАТО и неколку партнерски земји ја започнаа најголемата воена вежба во Полска.

Околу 31.000 трупи од Полска, САД, други земји на НАТО и пет партнерски земји учествуваат во вежбите на земја, море и во воздух.

Вежбите се одржуваат неколку недели пред одржувањето на Самитот на НАТО во Варшава, на кој се очекува да биде одлучено дали значително да се зголемат трупите на НАТО и воената опрема во Полска и другите балтички земји.

Русија вели дека секое присуство на НАТО трупите блиску до нејзините граници е закана за нејзината безбедност и предупреди дека ќе преземе мерки.