Ахмети на средба со Бејли и Орав

Денес во Амбасадата на САД во Скопје, Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети оствари заедничка средба со Амбасадорот на САД, Џес Бејли, и Амбасадорот на Европската Унија, Аиво Орав, соопшти ДУИ.

Било разговарано за актуелната ситуација во земјата, политичката криза и начинот за надминување на состојбата.

Лидерот Ахмети зборуваше за ставовите на Демократската Унија за Интеграција и побара Иванов целосно да ја повлече одлуката за помилување без никакво одлагање.

Ахмети исто така, ја истакна непосредната потреба Државната Изборна Комисија да ја заврши својата работа со прецизност, во согласност со закон и без взаемна опструкција.

Говорејќи за реформите, Лидерот на ДУИ повтори дека Договорот од Скопје е во функција, додека законските обврски кои произлегуваат од овој договор треба да бидат усвоени со широк консензус, се вели во соопштението од ДУИ..