Клинтон блиску до претседателската номинација

Хилари Клинтон победи во Порторико и скоро ја освои номинацијата за претседателски кандидат на Демократската партија. Клинтон преку твитер им се заблагодари на луѓето на островот за најзината победа против нејзиниот кандидат Берни Сандерс.

Со победата во Порторико и во Девствените острови претходниот ден, Клинтон сега има поддршка од 2.300 делегати и и недостасуваат само неколку десетици за да ја обезбеди нејзина номинација.