Кери-Монголија е оаза на демократијата

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека Монголија е оаза на демократијата при пристигнувањето во земјата богата со минерали. Кери за време на посетата се сретна со претседателот, а исто така ја стартуваше и новата програма на УСАИД и присуствуваше на традиционалните натпревари во борење и трки со коњи. Тој ја потенцираше и местоположбата на Монголија која се наоѓа меѓу, според него, комунистичката Кина и авторитарната Русија и го поздрави одржувањето на парламентарните избори во наредниот месец.