Заврши полагањето државна матура по мајчин јазик

Во сите средни училишта во Македонија денеска без проблеми помина полагањето на мајчин јазик, односно македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература. Државниот испитен центар соопшти дека испитниот материјал до сите училишта бил доставен навремено и согласно пропишаните правила и процедури.

Македонски јазик и литература полагаа 10.730 кандидати, албански јазик и литература полагаа 5.424 кандидати и 428 кандидати полагаа турски јазик и литература.На 9 јуни 2.335 кандидати ќе полагаат математика на 38 локации.