САД со напади во Сирија и Ирак од Средоземното море

Американската морнарица соопшти дека за прв пат спровела воздушни напади против милитантите на Исламската држава во Ирак и Сирија од носачите на авиони во Средоземното море. Претходните напади беа спроведувани од носачите на авиони во Персискиот залив или од копнените бази во Бахреин, Турција и други земји. Морнарицата не даде детали за тоа колку и каков вид на цели биле погодени.