САД и Русија со несогласувања за Сирија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Спорот зад затворени врати меѓу САД и Русија стана јавен откако Москва тврди дека Вашингтон побарал цел навоздушните напади во Сирија да не бидат ограноците на Ал Каеда. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја даде изјавата по телефонскиот разговор со неговиот американски колега Џон Кери.

Според него, барањето е во спротивност со договорот со кој земјата заедно со нејзините сојузници треба да вршат притисок врз опозициските групи кои биле поврзани со Фронот Нусра во минатото за тие да се дистанцираат од групата која се наоѓа на црната листа која треба да биде цел на воздушните напади. Лавров порача дека опозицијата мора да ги напушти позициите на терористите, бидејќи за тоа бил постигнат договор.