Протест пред СЈО: „Полицијата работи за приватни интереси“

Архивска фотографија.

Протестите на т.н. „Шарена револуција“ продолжуваат и денеска пред Специјалното јавно обвинителство во знак на поддршка на оваа институција. Граѓанското движење „Протестирам“ на социјалните мрежи најави дека сè додека криминалци шетаат слободно, а полицијата се занимава со тоа кој ги бои институциите, ќе сметаат дека полицијата е злоупотребена и оти работи за приватни интереси. Во најавата е наведено и дека протестот е и против гонењето на демонстрантите.