ОН: Продолжува нестабилноста во источна Украина

Архивска фотографија.

Ситуацијата во источна Украина по двегодишен конфликт останува нестабилна и продолжува да има силно влијание врз човековите права, се вели во најновиот извештај на Обединетите Нации. Помошник генералниот секретар за човекови права на ОН, Иван Симоновиќ по седумдневна посета на земјата предупреди дека „кризата е далеку од завршена.“ Извештајот се фокусира на состојбата на 2.7 милиони луѓе кои живеат во области контролирани од вооружени групи, при што е наведено дека се соочуваат со сериозни намалувања на слободата на изразување, собирање и дружување, како и со тешки услови за живот.