Пломп: Да се спроведе Договорот од Пржино

Сето она што е ставено на хартија изминатиот период, вклучувајќи го и договорот од Пржино, се повеќе од доволни да го покријат сето она што треба да се направи, изјави холандскиот амбасадор Вутер Пломп.

„Фокусот во следниот период треба да се стави на имплементација на тоа што е кажано, запазувајќи ги трите принципи што ги спомнав. Притоа, единствениот начин е целосното повлекување на аболицијата.“

Пломп посочи дека мора да се почне со агенда за имплементација на тие реформи.

„Но најбитно сега е да се фокусираме на три принципи на процесот: инклузивност, односно вклучување на сите страни, транспарентност и одговорност.“

Тој нагласи дека во последно време е интензивирана соработката меѓу двете земјии поради актуелното претседателство на Холандија со ЕУ, но и поради нивната загриженост за иднината на земјата.