СМДС: Попоски во интервјуто за Дојче веле истапи како партиски функционер

Синдикатот на македонската дипломатска служба (СМДС) соопшти дека се оградува од редица ставови изнесени од страна на министерот за внатрешни работи Никола Попоски, во неодамнешното интервју за Дојче веле, во кое Попоски истапил како партиски функционер, а не како Министерство за надворешни работи на Република Македонија.

Членовите на СМДС наведуваат дека се оградуваат од Тврдењето на Попоски дека експремиерот Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и ексшефот на тајната служба Сашо Мијалков побарале повлекување на аболицијата за нив лично од претседателот Иванов. Досега тоа официјално го побарал само Груевски, велат од СМДС.

Од Синдикатот наведуваат дека Попоски истапува како партиски функционер и при тврдењето дека за прислушкувањето е виновен лидерот на опозицијата Зоран Заев, што е обвинување за кривично дело.

СМДС посочува дека Попоски во интервјуто и фактички ја потврдил констатацијата и на македонската и на меѓународната јавност дека нема раздвоеност на политичката партија на власт од државниот апарат при коментарот на Попоски за изјавата на поранешниот посредник на ЕУ, Питер Ванхауте во која вели дека „Во Македонија владее атмосфера на страв“.

Од СМДС нагласуваат дека ова не е прва пригода ниту во насока на искористување на Министерството за партиски цели.