Протест пред СЈО: „Остануваме до целосно разрешување на кризата“

Граѓани и денеска се собираат на протест пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во знак на поддршка на оваа институција.

Во најавата за протестот на граѓанското движење „Протестирам“ на социјалните мрежи се вели:

„Како што не може да се уништи идеја, така не може да се угуши разбудениот граѓански револт. Промената за која се зборува е веќе тука, таа промена сме ние, освестените граѓанки и граѓани. Тука сме, остануваме на улица до целосно разрешување на кризата и ќе бидеме тука и при градењето на новите демократски вредности. Ќе има првда, ќе има мир“, се вели во најавата.