Десет загинати во упад на Талибанците во суд во Авганистан

Талибанските милитанти упаднаа во суд во источната авганистанската провинција Газни, предизвикувајќи судир со полицијата при што загинаале 10 лица, вклучително пет цивили и полициаец.

Министерството за внатрешни работи соошти дека „четири терористи“ го започнале нападот. Бомбаш самоубиец прво се разнесол себеси на влезот во судот, по што тројцата други напаѓачи упаднале во зградата и биле убиени од силите за безбедност.

Според новинската агенција АП, Талибанците ја преземаа одговорноста за нападот.