За прв пат по 10 години, раст на трошоците за НАТО

Јенс Столтенберг

Трошоците за одбрана на земјите членки на НАТО ќе се зголемат за прв пат по една деценија. Ова го изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг во интервју за весникот „Фајненшал тајмс“. „Проценките за годинава, базирани врз податоци од членките, индицираат дека оваа ќе биде прва година со зголемени трошоци за одбрана по многу, многу години“, изјави тој, додавајќи: „Се соочуваме со несигурност и со повеќе закани и повеќе безбедносни предизвици“. Во минатата година НАТО земјите за одбрана потрошија 253 милијарди долари, додека само САД над 618 долари.