Почна протестот пред СЈО

Граѓанските протести продолжуваат и денеска пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство во знак на поддршка на оваа институција. Демонстрантите прво ќе се упатат кон Владата, а потоа ќе протестираат и пред Собранието.

Во најавата за протестите на граѓанското движење „Протестирам“ на социјалните мрежи се наведува дека после вчерашниот протест, продолжиле приведувањата како мерка за заплашување и пригушување на отпорот, остануваат на улица до целосно разрешување на кризата.

„Ќе останеме и при градењето на новите демократски вредности. Ќе има првда, ќе има мир“, наведуваат демонстрантите.