Јункер: Ердоган да размисли пред да донесе одлука за Договорот со ЕУ

Претседателот на Европска комисија Жан-Клод Јункер го посоветува претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган внимателно да размисли за сите можни последици ако реши да го преразгелда договорот со Европска унија.

„Претседателот Ердоган треба двапати да помисли пред да изјави, како што тоа го прават низа министри од неговата Влада, дека невозможно е да биде реализиран договорот со ЕУ“, посочи Јункер.

Претходно, Ердоган ја информира ЕУ дека турскиот Парламент ќе го блокира договорот за мигрантите, доколку не биде постигнат напредок за визната либерализација.

„Ако Турција преземе таков чекор, тогаш претседателот ќе треба да им објаснува на младите Турци, на бизнисмените, на новинарите и на другите граѓани зошто имаат потешкотии да излезат од земјата. Имено Ердоган е виновен за тоа што Турците ја немаат можноста слободно да патуваат во Европа“, посочи Јункер.