Турција ја предупреди Германија за признавањето на ерменскиот геноцид

Ерменски делегати кои биле убиени во 1915 година.

Турција ја предупреди Германија против усвојувањето на парламентарната резолуција за признавање на масактот врз Ерменците за „геноцид“ од страна на Отоманската Империја.

Долниот дом на германскиот Парламент, Бундестагот оваа недела трба да гласа за резолуцијата.

Усвојувањето на текстот ќе ги „наруши“ дипломатските, економските, политичките, комерцијалните и воените врски меѓу двете земји, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Во ерата на Првата светска војна е извршено масовно убивање и депортација на повеќе од 1.5 милиони од страна на отоманските Турци, коешто од страна на многу историчари и неколку нации се смета за геноцид.

Турција негира, велејќи дека бројката на загинатите Ерменци е многу помала и дека е тоа поради граѓанската војна, а не планирано разнебитување на христијанското масцинство од страна на отоманските власти.

Повеќе од 20 нации масакрот на Ерменците го признаа за геноцид.