СДСМ поднесе тужба за оспорување на Комисијата за импичмент на Иванов

Пратеничката и член на Извршниот одбор на СДСМ, Рената Дескоска денеска изјави дека партијата поднела тужба до Управниот суд со која ја оспоруваат одлуката за формирање на Комисија за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов.

„Со оглед на тоа што Трајко Велјановски не презема ништо за заштита на Деловникот на Собранието, СДСМ денеска поднесе тужба до Управниот суд. Со тужбата се оспорува одлуката за формирање на Комисија за импичмент заради тоа што истата е спротивна на член 206 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Македонија“, вели Дескоска.

Таа појасни дека одредбата од членот 206 став 2 од Деловникот предвидува: Комисијата за импичмент да има претседател и десет члена кои, на предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата ги избира Собранието, при што се обезбедува соодветна застапеност од пратеничките групи и пратеници кои не се организирани во пратенички групи.

Таа додаде дека сега судиите на Управниот суд ја имаат одговорноста да го спроведуваат правото и да придонесат за враќање на правната држава.