На Богородица откриени 97 мигранти без документи

На граничниот премин Богородица во приколка на товарно возило со српска регистрација пронајдени се 97 мигранти со непозната националност и без документи за идентификација.

Како што денеска соопшти Царинската управа, возилото било натоварено со фолија за пакување кафе од грчки извозник, наменета за увозник од Србија.

Лицата се предадени на Министерството за внатрешни работи за нивно натамошно постапување.