Саудиска Арабија бара Иран да не интервенира во Ирак

Саудиска Арабија го обвини Иран за поттикнување бунтови во Ирак и побара од Техеран да престане да се меша во ирачките внатрешни работи. „Ако Иран сака стабилност во Ирак, тогаш треба да престане да интервенира и да се повлече“, изјави шефот на саудиската дипломатија Адел ал Џубеир. Неговиот коментар доаѓа во момент кога илјадници вооружени ирачки шиити, војници и полицајци, поддржани од Иран се борат за преземање на Фалуџа од милитантите на Исламската држава.