Столтенберг: самит за воено зајакнување на НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека претстојниот самит ќе ја истакне решеноста на Алијансата за одбранбено присуство во Полска и во другите земји членки од источното крило. Тој ова го рече во Варшава која ќе биде домаќин на самитот во јули годинава. „Ќе има повеќе НАТО војници во Полска по самитот во Варшава, што ќе биде јасен сигнал дека евентуален напад врз Полска ќе се смета како напад на целата Алијанса“, рече Столтенберг. Овој потег се очекува дополнително да ја антигонизира Русија која оцени дека ширењето на НАТО е закана за нејзината национална безбедност.