Времето денеска: сончево и топло

Во Македонија денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува умерен ветер од западен правец кој кон крајот на денот ќе го смени правецот во северозападен. Утринската температура ќе се движи од девет до 16, а дневната од 25 до 32 степена. Во Скопје, слично време, со утринска температура до 14 и со дневна до 29 степени.