Ќерката на претседателот на Таџикистан во Сенатот

Емомали и Озода Рахмон

Озода Рахмон, ќерќа на претседателот на Таџикистан Емомали Рахмон е избрана за сенатор во Горниот дом на парламентот. 38 годишната Озода која е мајка на пет деца, од почетокот на годинава беше шеф на кабинетот на претседателот Рахмон. За разлика од Долниот дом, законодавците во Горниот дом не се избираат на директни избори. 25 од 33 сенатори се избираат со тајно гласање. Другите осум ги избира претседателот на државата.