Седумнаесет загинати во пожар во Украина

Седумнаесет луѓе загинаа во пожар кој избувнал во дом за стари лица во близина на главниот град на Украина Киев, соопшти денеска украинската служба за вонредни ситуации.

Од таму додаваат дека успеале да спасат 18 луѓе, од кои пет биле пренесени во болница со изгореници од различен степен.

Пожарот избувнал во раните утрински часови во дом за стари лица во приватна сопственост во кој биле сместени 35 луѓе. Премиерот Володимир Хројсман изрази сочуство до семејствата на тие кои загинаа во трагичниот настан и побара итна истрага за причините за пожарот.