Пакистан ги забрани рекламите за контрацепција

Пакистан ги забрани рекламите на сите средства за контрацепција вклучувајќи и средствата за контрола на раѓањето и за планирање на семејството.Националниот регулатор за медиуми вчера соопшти дека имало јавни забелешки дека рекламите предизвикувале љубопитност кај невини деца.

Телевизиските и радио станици не се жалат на забраната која се воведува, пишува во соопштението на регулаторното тело во кое не се наведуваат специфични казни доколу не се почитува забраната.

Забраната доаѓа и покрај владините иницијативи за зголемување на контролата на раѓање во Пакистан, конзервативно муслиманска земја во која живеат 180 милиони луѓе, а зборувањето за секс во јавноста е табу.