Груевски: Одличен чекор на претседателот Иванов

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска ја поздрави одлуката на шефот на државата Ѓорге Иванов за повлекување на аболицијата од 12 април за 22 политички експонирани лица.

„ Мислам дека е одличен чекор на претседателот Иванов и се надевам дека работите ќе продолжат да се одвиваат во добра насока и дека што поскоро СДСМ ќе се охрабри да дојде на избори“ изјави Груевски.

Тој беше во посета на Општата болница во Струмица каде е во тек реконструкција на Ургентниот центар.

„ Сега во Македонија со исклучок на Зоран Заев нема ниту еден аболиран политичар врз кој може да се фрли сомнеж дека е аболиран заради тоа што сторил кривично дело и на некој начин ја избегнал одговорноста за тоа. Единствен таков во моментов е само Зоран Заев за случајот „Глобал“ рече Груевски.