Убиени стотина милитанти на ИД во Сирија

Стотина милитанти од Исламска држава наводно се убиени во воздушни напади и турски артилериски оган јавуваат турските медиуми. Според денешните извештаи 104 лица за кои се смета дека се припадници на ИД се убиени доцна вчера во воздушни напади на меѓународната коалиција и прекуграничен артилериски оган од Турција кон Сирија.


Нападите следуваат неколку часа откако во ракетен напади од Сирија кон турскиот град Килис повредени беа пет лица. Годинава градот беше нападнат од сириска територија повеќе од 70 пати а загинаа 21 лице.