Офанзива на ИД во близина на турската граница во Сирија

Уништени куќи во сирискиот град Азаз.

Сириски активисти велат дека борци на групата на Исламската држава заземале територија од бунтовниците, во област во близина на турската граница.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија, денеска соопшти дека милитантите заземале голем број села во околината на градот Мареа, северно од Алепо, и речиси целосно го опкружиле градот под контрола на бунтовниците.

Со напредувањето, групата на ИД исто така се приближила до градот Азаз, којшто се наоѓа на шест километри од Турција.

Бунтовничките групи се борат против групите на ИД во областа која се снабдува со оружје преку Турција.

Офанзивата на ИД доаѓа откако групата е под притисок во североисточна Сирија, откако курдските сили и нивните сојузници оваа недела започнаа напад северно од Рака.