Разбиени две криминални организации за шверцување мигранти од Грција

Архивска фотографија.

Грчката полиција во соработка со европските органи за прогон разби две криминални организации кои шверцувале бегалци и мигранти од Грција во други европски земји.

Двете криминални организации им издавале лажни документи на мигрантите и бегалците и нелегално ги префрлале во Северна Европа.

Во полициската акција се уапсени 16 лица во Грција и повеќе членови на синџирот во други земји на ЕУ.