Обама: Светските лидери со право се „потресени“ од Доналд Трамп

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека меѓународните лидери имаат добра причина да бидат „потресени“ од Доналд Трамп.

„Тие не се сигурни колку сериозно да ги земат неговите изјави, но тие со добра причина се потресени од него“, рече денеска Обама на маргините на самитот на Г7 во Јапонија.

„Многу од неговите предлози покажуваат или игноранција на меѓународните односи“, рече Обама.

Засега нема одговор од бизнисменот и милијардер, на кој му недостасуваат уште неколку гласа за да ги обезбеди потребните 1.237 делегати потребни за номинацијата на републиканците, пред Конгресот на партијата во јули и претседателските избори во ноември.