Штрајковите во Франција го загрозија снабдувањето со енергија

Франција се соочува со дополнително нарушување на снабдувањето со енергија, бидејќи работниците во нуклеарните централи, нафтените рафинерии и транспортот штрајкуваат против владините реформи на законите за работни односи.

Синдикатот (ЦГТ) соопшти дека излезната моќност денеска е падната за најмалку 5 гигавати при намалување на производството на нуклеарните реактори, откако членовите на синдикатот во нуклеарните централи гласаа да му се приклучат на штрајкот.

Вчера, француската Влада соопшти дека ги употребила своите стратешки резерви, откако минатата недела со блокирањето на рафинериите се прекинаа снабдувањето со горива.

Аеродромот „Орли“ во Париз ги намали летовите за 15 отсто, а штрајкот на машиновозачите се очекува и понатаму да ги наруши железничките услуги.

Синдикатите протестираат против плановите на претседателот Франсоа Оланд да ги промени законите за работни односи, односно да го намали надоместот за прекувремена работа и во некои случаи да биде полесно да се отпуштаат вработените.

Во услови на зголемен притисок врз Владата, премиерот Мануел Влалс рече дека реформите можат да бидат „модифицирани.“