Кај Гевгелија пронајдени 12 мигранти во „Лада Нива“

Архивска фотографија.

На регионалниот пат Гевгелија - Смрдлива Вода, синоќа пред полноќ мешана полициска патрола напаравила контрола на возило марка „Лада Нива“ без регистарска ознаки, при што биле пронајдени 12 мигранти, од кои 11 од Сирија и еден од Ирак.

МВР денеска соопшти дека возачот успеал да побегне. При извршен преглед на возилото, помеѓу седиштата се пронајдени гевгелиски регистарски таблички, сопственост на Ѓ.Ѓ. (60) од село Стојаково.

Мигрантите и возилото се донесени во полициска станица во Гевгелија за понатамошна постапка.