Уставниот суд ги поништи одлуките за распуштање на Собранието

Уставниот суд на денешната седница ги поништи одлуките за распуштање на Собранието. Судиите едногласно ја донеле одлуката за поништување на одлуките за распуштање на Собранието на Република Македонија, едната од 18 јануари, а другата од 23 февруари 2016 година.

На седницата пред една недела Судот изрази сомневање за одлуката и едногласно одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија.

Притоа, уставните судии донесоа и времена мерка со која се запираат сите изборни дејства.