Засилувањето на НАТО во Европа одговор на руската агресија

генерал Пeтр Павел

Шефот на воениот комитет на НАТО, чешкиот генерал Пeтр Павел изјави дека планираното зајакнување на источното крило на Алијансата е директен одговор на руските воени акции во Грузија, Украина и Сирија. Тој во интервју за Радио Слободна Европа прецизира дека ако немаше вакви акции, немаше ни да има рекација од страна на НАТО. Генерал Павел додава дека земјите кои граничат со Русија бараат да бидат повеќе обезбедени со присуството и подготвеноста на НАТО да реагира. Воениот комитет на НАТО е примарен извор на воени совети на цивилните органи на Алијансата кои ги носат конечните одлуки.