Почна протестот пред СЈО

Граѓани и денеска се собираат на протест пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство во знак на поддршка на оваа институција. Граѓанскотот движење „Протестирам“ на социјалните мрежи најави дека нема да се откажат од борбата.

„Нема да не заплашат заканите и притисоците. Нема да не заплашат повици за информативни разговори. Марширајќи по улиците се ослободуваме, а сега чекориме кон институциите за да ги ослободиме и нив,“ се вели во најавата откако денеска директорката на хелсиншкиот комитет за човекови права Уранија Пировска и професорката Мирјана Најчевска се повикани на информативен разговор од страна на Министерството за внатрешни работи (МВР) за учество во протестите на „Шарената револуција“.