Сирија ги обвини Турција, Катар и Саудиска Арабија за вчерашните експлозии

Сириската влада ги обвини Турција, Катар и Саудиска Арабија за вечерашните смртоносни експлозии во две упоришта на режимот на претседателот Башар ал – Асад на брегот на Средоземното Море.

Министерот за надворешни работи испрати писмо до Обединетите Нации, велејќи дека вчерашните експлозии во Тартус и Јаблех биле „сериозна ескалација на екстремните и малициозни режими на Ријад, Анкара и Доха“ и оти биле со цел да им наштетат на мировните напори, пренесоа државните медиуми.

Групата на Исламската држава ја презеде одговорноста за нападите, во кои според набљудувачките групи загинаа 154 луѓе.

Турција, Катар и Саудиска Арабија поддржуваат различни бунтовнички групи во Сирија.

Тартус и Јаблех беа релативно изолирани од војната во Сирија во која од март 2011 годиза загинаа повеќе од 270.000 луѓе.